Абу Даби ги затвори гасните капацитети по пресретнувањето ракети
- Властите во Обединетите Арапски Емирати ги затворија гасните капацитети во емиратот Абу Даби по ракетен напад.
Абу Даби, 19 март 2026 (МИА) - Властите во Обединетите Арапски Емирати ги затворија гасните капацитети во емиратот Абу Даби по ракетен напад.
„Властите реагираат на инцидентите во гасните капацитети „Хабшан“ и на полето Баб предизвикани од паѓање остатоци од успешно пресретнување ракети“, соопшти владата во Абу Даби рано утрово.
„Гасните капацитети се затворени и не се пријавени штети“, се додава во соопштението, без да се наведат дополнителни детали за природата или степенот на штетата.
Засега е нејасно колку долго капацитетите ќе останат затворени, пренесува ДПА.
Изјавата, објавена од канцеларијата за комуникации на Абу Даби на социјалната мрежа Х, не прецизира кој е одговорен за нападот.
Иран постојано гаѓа локации во Емиратите од почетокот на војната на Блискиот Исток пред повеќе од две и пол недели. јт/