• понеделник, 23 декември 2024

Абдулменаф Беџети доби втор мандат за ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Абдулменаф Беџети доби втор мандат за ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово
Тетово, 2 јуни 2022 (МИА) – Академик проф. д-р  Абдулменаф Беџети и понатаму ќе биде ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово. Тој денеска на 47. седница, со тајно гласање од Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) ја добил довербата за следните три години да ја води тетовската високообразовна институција. -Ректорот беше избран со мнозинство од вкупниот број на гласови од членовите на Одборот, a изборната постапка беше спроведена во согласност со Статутот на Универзитетот на ЈИЕ. Акадамик проф. д-р Абдулменаф Беџети ќе го води УЈИЕ уште три години, по многу успешен прв четиригодишен мандат, иако периодот во кој беше избран за ректор беше многу предизвикувачки, со надолен тренд во сите аспекти на општествениот развој, информираа од Универзитетот. Беџети е роден 1959 година, а во УЈИЕ работи како професор од 2002 година.ас/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан