• среда, 03 јули 2024

„АББА“ објави спот за „Chiquitita“

„АББА“ објави спот за „Chiquitita“
Лос Анџелес, 21 март 2022 (МИА) - Шведскиот бенд „АББА“ објави нов спот со стхови - за нивниот хит „Chiquitita“. Песната, инаку, е водечки сингл од албумот „Voulez-Vous“ од 1979 година и е една од најуспешните во историјата на бендот. „Chiquitita“ е еден од ретките синглови на „АББА“ објавени без посебен видеоспот. За видеото е користена телевизиска верзија на песната, снимена од Би-би-си во Швајцарија, 1979 година. Во него бендот ја изведува песната на планинска падина со снешко во позадина. https://www.youtube.com/watch?v=p9Y3N_2xUsw „АББА“ неодамна повторно се обединија за да го издадат „Voyage“ - деветтиот студиски албум на бендот и прв по 40 години. Најавено е и ново концертно искуство - со нивните дигитални аватари, придружени од бенд во живо. Првиот концерт ќе се одржи на 27 мај.  си/

Остани поврзан