АБА2: Пелистер поуспешен од бањалучки Борац
- До својата петта победа во 11 натпревар Пелистер дојде во драматична завршница со тројка на Александар Костовски на 44 секунди пред крајот на натпреварот за водство од 73-72 што остана и конечен резултат.
Широки Брег, 18 март 2024 (МИА) – Кошаркарите на битолски Пелистер забележаа попладнево важна победа во битката за пласман во четвртфиналето во АБА2 лигата, триумфирајќи над Борац од Бања Лука со 73-72.
До својата петта победа во 11 натпревар Пелистер дојде во драматична завршница со тројка на Александар Костовски на 44 секунди пред крајот на натпреварот за водство од 73-72 што остана и конечен резултат.
Најефикасен во редовите на битолскиот состав беше Јуре Планиниќ со 21 поени.
Пред завршните два дуели од регуларниот дел од сезоната Пелистер е на осмото место, последно кое обезбедува пласман во разигрувањето.
Утрешниот ден на последниот турнир од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата ќе ја донесе пресметката меѓу преостанатите две македонски екипи во ова регионално натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.
Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром (7-3) веќе го обезбеди пласманот во четвртфиналето, додека ТФТ (2-8) е претпоследен на табелата без теоретски шанси да обезбеди место во разигрувањето. ег ФОТО: Фејсбук