• сабота, 23 ноември 2024

Абазовиќ: Пронајдена опремата од Ќилипи, информирано Обвинителството

Абазовиќ: Пронајдена опремата од Ќилипи, информирано Обвинителството

Подгорица, 26 септември 2023 (МИА) - Опрема за која постои сомневање дека е украдена од дубровничкиот аеродром Ќилипи во периодот 1991-1992 година е пронајдена при попис на имотот на аеродромот во Црна Гора (АЦГ), изјави премиерот Дритан Абазовиќ, додавајќи дека за тоа е информирано и надлежното обвинителство.

Абазовиќ на Фејсбук изјави дека опремата „завршила во Обвинителството“.

„По 30 години, благодарение на менаџментот на АЦГ, при попис на имотот на таа државна компанија, пронајдена и евидентирана е опрема за која постои сомневање дека е украдена од аеродромот Чилипи, при нападот на Дубровник во 1991-1992 година, најсрамните страници од црногорската историја напишани од тогашното раководство“, рече Абазовиќ.

Според него, за разлика од претходните влади, оваа не бега од минатото, туку се соочува со него за идните генерации да не ги повторуваат истите грешки.

Абазовиќ рече дека водат транспарентна политика, исправаат бројни неправди и извлекуваат важни историски лекции.

„За сето ова денеска е известено надлежното обвинителство, а за тоа МНР преку истиот официјален канал ќе ги информира колегите од Хрватска“, изјави Абазовиќ.

Тој се заблагодари на раководството на АЦГ, предводено од претседателот на Управниот одбор Елдин Добарџиќ, извршниот директор Владан Драшковиќ и неговиот заменик Петер Радуловиќ, за нивната посветена и одговорна работа.

„За разлика од своите претходници, оваа влада ја води Црна Гора на вистинскиот пат“, рече Абазовиќ.

фото: Скриншот ФБ

Остани поврзан