• понеделник, 01 јули 2024

Tренинг за подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите

Tренинг за подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Во просториите на МладиХаб во Скопје денеска ќе се одржи еднодневен тренинг на новинарите за подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите, известувањето и улогата на родовосензитивно известување. Обуката ја води Мрежата Стела.

-Со надеж дека овој пристап ќе им помогне на новинар(к)ите да станат посвесни за значењето на родот и да го интегрираат во својата работа, известување и истражување, Мрежа Стела ќе ги доближи новинар(к)ите кон подобрен пристап при известување на прашања поврзани со родовата нееднаквост, родовобазираното насилство и подобрување на позицијата на жените и девојките, велат од тимот на Мрежа Стела.

Планирани се три сесии, интерактивна дискусија и практични вежби.

Овaa иницијатива е дел од проектните активности фокусирани на „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, проект кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија - НМСМ и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје. бт/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан