• понеделник, 23 декември 2024

За власта одложувањето на уставните измени ќе го комплицира процесот, за опозицијата избори се единствено решение

За власта одложувањето на уставните измени ќе го комплицира процесот, за опозицијата избори се единствено решение

Скопје, 20 август 2023 (МИА) - За власта уставните измени се неопходни државата да ја исполни стратешката цел и врвен национален интерес, а тоа е членството во ЕУ. Вицепремиетот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера порача дека колку повеќе чекаме повеќе и сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија. За опозицијата, пак, изборите се единствено решение и остануваат на ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера порача дека по изборите ќе понудат решение.

-Праксата покажува дека времето не работи во наша корист кога сме надвор од процесот. Колку повеќе чекаме повеќе и сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија. Да не дозволиме да го комплицираме процесот кога сега ни е патот јасно поставен пред нас, истакнува во интервју за Рацин.мк вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

-Договорот не е направен по „бугарски диктат“. Напротив, сме постигнале Договор со кој сме го извлекле максимумот и кој сме го преговарале во наша полза, со што успеавме да ги ставиме во една рамка барањата и обврските од двете страни, и македонските и бугарските, вели тој.

Додава дека нашата преговарачка рамка го заштитува македонскиот јазик, идентитетот, со што, вели, успеавме бугарските прашања да не станат европски и да не ја доведуваат во прашање европската иднина на Северна Македонија.

Филтрацијата на судството и обвинителството е врвен приоритет за Министерството за правда и Владата во целина. Очекуваме ова да биде голем чекор кон конечното враќање на довербата, која граѓа

-Обврските се опишани во преговарачката рамка и тоа се обврски кои што ние сме ги прифатиле за достигнување на стратешката цел до 2030 година, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Нашите главни барања во договорот се исполнети и затоа не постои ниту еден аргумент дополнувањето на македонскиот Устав да се нарекува бугарски диктат – не, тоа е европски предлог и зад ваков предлог цела ЕУ никогаш повторно нема да застане заедно затоа што во Унијата има турбулентни процеси и европски избори следната година, посочува Маричиќ.

Дециден е дека нема да има подобра рамка нема да има. - Тоа цела ЕУ ни го кажува, тоа го знаеме и ние самите и секој којшто вели поинаку не сака да ја види нашата држава во ЕУ. Подобар Договор од овој кој го имаме не може да се постигне, со овој сме во поволна позиција од која може лесно и безболно за нашите национални интереси да се поентира  и да се загарантира европската перспектива, наведува Маричиќ. 

-На ВМРО-ДПМНЕ многупати досега им е кажано од страна на нашите европски пријатели, високи претставници од државите членки на ЕУ, дипломатите во земјава, европратениците дека преговарачката рамка не може да се репреговара и дека не е можен нов Договор, истакнува Маричиќ.

Вели дека репреговарање на рамката која што е веќе договорена и усвоена лани, на првата Меѓувладина конференција не може да има и не можеме да ја менуваме.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, на ден по собраниската седница за уставните измени изјави дека е совршено јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема и нема ниту да има. Според него, лажно е тврдењето на власта и нивното упростување на работите дека од прифаќањето  уставни измени под бугарски диктат ќе зависело дали ќе сме биле за ЕУ или против ЕУ.

-Ова воопшто не е таков избор, затоа што мнозинството на народот и јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено сме за влез на Македонија во Европската Унија, затоа што тоа е нашиот единствен пат. Но не по цена на себеодрекнување, не по цена на диктат кој е Пандорината кутија за идентитетско обезличување и отворање на портата за многу други барања. Не за влегување во повторната игра на стапот и морковот, без било какви гаранции за влез во ЕУ, од кој што земјава ќе го види само стапот, односно уште една блокада. На крајот сите ние веруваме во Копенхашките критериуми, кои сигурно не се прифаќање на едно лудило од барања на соседната држава, со јасна тенденција да го избрише постоењето и историјата на друга држава, нагласи меѓу другото Мицкоски.

Од вчера е совршено јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема. И нема ниту да има. Нема потклекнување кога е во прашање достоинството и честа на народот и Македонија, кажа денеска на

Според него, не е точно дека е поразен концептот за „Македонија и ЕУ“, како што сака да го престави тоа власта, туку е поразен нивниот концепт на гледање на работите „како Македонија може да дојде или воопшто никогаш да не дојде до ЕУ“.

-Клучната грешка на власта во процесот на создавање на ова решение кое гледаме како заврши, е тоа што целосно ја исклучи опозицијата. Седеа, договараа, прифатија се што другата страна сака, и излегоа во јавност и сега велат ајде прифатете. Не може да бараат консензус за нешто во кое што не сме биле вклучени во неговото креирање, подвлече Мицкоски. 

Повтори дека државава е во голема криза, и оти единствено решение се избори, а по изборите ќе понудат решение кое, вели, ќе ги заштити и унапреди државните интереси.

-Проблемот постои и да мора се најде излез. Или она што поединци најчесто го поставуваат како прашање а што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ. Единственото решение, единствениот разумен излез се изборите. Избори на кои народот ќе одлучи врз основа, внимавајте врз основа на конкретни решенија кои ќе ги понудат партиите како понатаму. Нашите црвени линии и нашата борба за гаранции во однос на прашањето со Бугарија се јасни. Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори. Македонија да застане на нозе и да се избориме за иднина, за подобар живот за победа на оваа и генерациите на кои тоа им должиме, кажа Мицкоски на прес-конференција.

Од владејачката СДСМ пак реагираа дека Мицкоски потврдил дека е против ЕУ и сака да ја блокира европската иднина на земјата и да ја влече земјата уште 11 години надвор од ЕУ. 

null

-Мицкоски сака да ја влече земјата и народот уште 11 години надвор од ЕУ, во изолација. Цел регион да напредува а Македонија да биде надвор од ЕУ, осамена и изолирана. Членството во ЕУ не е политичка игра. Се работи за иднината на државата, за исполнување на стратешка цел и врвен национален интерес. Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на вакво неодговорно и недржавничко однесување  на Мицкоски. Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да се блокирани од ДПМНЕ. Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ, наведуваат од СДСМ.

Во Собранието во петокот заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата, а гласањето е одложено до обезбедување на потребното двотретинско мнозинство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА уште на почетокот на месецов најави дека по завршување на претресот, гласањето за потребата за уставни измени може да биде одложено, а ако нема услови, воопшто и да не се случи, со што постапката за уставни измени завршува.

За усвојување на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот. 

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија за полноправно членство со отворање на кластерите и поглавјата. вг/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан