• петок, 05 декември 2025

Најмалку 58 лица загинаа во невремето во индиската сојузна држава Бихар

Најмалку 58 лица загинаа во невремето во индиската сојузна држава Бихар

Бихар, 11 април 2025 (МИА) - Најмалку 58 лица загинаа во невремето придружено со грмежи и град што погоди неколку области на источната индиска држава Бихар, соопшти локалната власт.

Според официјалните податоци, 23 лица загинале од удари на гром, додека други 35 лица загинале во несреќи поврзани со невремето, вклучително и паѓање дрвја и уривање ѕидови поради силните ветрови и обилните врнежи, јави Индија ТВ.

Најпогодена е областа Наланда, каде што се регистрирани 22 смртни случаи. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан