• понеделник, 04 ноември 2024

Во Охрид почнува 15. конференција за плаќања и платежна инфраструктура

Во Охрид почнува 15. конференција за плаќања и платежна инфраструктура

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) - Народната банка на Северна Македонија и Централната банка на Холандија по 15-ти пат ја организираат конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура. Конференцијата, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид, е насловена „Обликување на платежните иновации“.

Претставници на централни и деловни банки, небанкарски даватели на платежни услуги и други институции во овие два дена ќе дебатираат за јакнењето на финансиската рамка на патот кон Единствената европска платежна област ̶ СЕПА преку поврзување на платежната инфраструктура на Западен Балкан со инфраструктурата на Европската Унија, за отвореното банкарство и иднината на финансиските услуги коишто се во склад со финтек....

Конференцијата ќе ја отворат гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк, a најавено е присуство на претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите од Европската Унија, централните банки на земјите од регионот, Банката за меѓународни порамнувања, Европскиот совет за плаќања, домашните финансиски регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските институции од доменот на финтек-секторот.

- Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура низ годините прерасна во платформа за размена на знаења и искуства за актуелни теми од областа на плаќањата и промовирањето нови идеи, додека Народната банка на Република Северна Македонија презема бројни активности за модернизација на постојната платежна инфраструктура преку примена на технолошките новитети, велат од Народната банка на Северна Македонија. бак/

Фото: Народна банка

Остани поврзан