• петок, 22 ноември 2024

MMA: Осуда на говорот на омраза и обидот за спречување на слобода на говор од страна на Апасиев

MMA: Осуда на говорот на омраза и обидот за спречување на слобода на говор од страна на Апасиев

Скопје, 4 март 2024

ММА го осудува говорот на омраза искажан кон Канал 5 Телевизија и нејзиниот директор Иван Мирчевски од страна на лидерот на Левица Димитар Апасиев како и членови од неговата партија. Ги осудуваме тоталитаристичките обиди на овие лица да замолкнат слобода на говор како и обидите за заплашување на медиумот, директорот но и клиентите кои се огласуваат на Телевизија Канал 5 со тоа што Апасиев повикува на антикампања за огласувачите и производите кои се рекламираат на Канал 5.

ММА е загрижена што во плуралистичкиот политички простор постои лидер на партија која учествува на изборите кој шири говор на омраза, дискредитира медиум и заплашува.
Ги повикуваме соодветните институции да превземат мерки за спречување на ваквите обиди да се влијае на медиумите со сеење страв и омраза во пресрет на изборите.

Потсетуваме дека заканувањето како и предизвикувањето и ширењето на говор на омраза е кривично дело а нанесена е и клевета и навреда на Канал 5 и нејзиниот директор.

Македонска медиумска асоцијација

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 


 

Остани поврзан