• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

KickOff Arena турнир во Џевахир Мол

KickOff Arena турнир во Џевахир Мол

Скопје, 1 март 2025 (МИА) - Во KickOff Arena во Џевахир Мол денеска ќе се одржи финалната група натпревари во мини фудбал 3 на 3 меѓу тимови од осум основни училишта од општина Аеродром.

Во турнирот, кој почна на 17. месецов, учествуваа деца од основните училишта во општина Аеродром, поделени во две категории: II и III одделение и IV и V одделение. Денеска со почеток во 10:00 часот ќе се одржат елиминациските натревари меѓу осум тима во секоја категорија, додека финалето кога ќе се одлучуваат победниците ќе почне во 15:00 часот.

Школскиот турнир во мини фудбал е во организација на Општина Аеродром во соработка со Сојузот на спортови на Општина Аеродром.  За победниците сe предвидени и награди. мд/лв/

Фото: Постер 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан