• недела, 30 јуни 2024

Kамења, метална решетка и најлон ставени во доводот за вода за село Крњево

Kамења, метална решетка и најлон ставени во доводот за вода за село Крњево
Кавадарци, 9 октомври 2022 (МИА) - Непознато лице во доводот за вода за кавадаречкото село Крњево ставило камења, метална решетка и најлон, информираат од месната заедница.
-Во текот на вчерашниот ден,  по извршена ревизија на каптажите за доводот на вода за село Крњево, утврдено е дека од страна на непознато лице, во доводните црева за село Крњево се вметнати камења, метална решетка и најлон, со цел жителите на Крњево да останат без потребното водоснабдување, појаснуваат од месната заедница на ова кавадаречко село.
Бидејќи се работи за сериозен прекршок, оттаму нагласуваат дека  случајот ќе биде пријавен во МВР, а доколку се открие сторителот, месната заедница Крњево ќе бара ригорозна казна. свд/хс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан