• недела, 05 април 2026

Седум припадници на поранешна паравоена група убиени во американски воздушен напад во Ирак

Седум припадници на поранешна паравоена група убиени во американски воздушен напад во Ирак

Багдад, 24 март 2026 (МИА) – Седум припаднци на поранешната паравоена група „Хашд ал Шааби“ се убиени во воздушен напад на американските сили во западниот дел на Ирак.

Извори на веќе разформираната милитантна група уште позната и како „Сили за народна мобилизација“, соопшттуваат дека воздушниот напад бил извршен врз нивната база во провинцијата Анбар.

Меѓу убиените е и регионалниот командант за операции, а ранети се уште 13 лица.

„Силите за народна мобилизација“ веќе се интегрирани во редовната ирачка армија, но вклучуваат и некои проирански групи. аб/ссм

фото/МИА архива

Остани поврзан