• петок, 22 ноември 2024

Eкипа на Итна медицинска помош и пациент се заглавиле во лифт во Кисела Вода

Eкипа на Итна медицинска помош и пациент се заглавиле во лифт во Кисела Вода

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што велат, за ова добиле пријава на телефонот 112 во 11:22 часот.

-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје, посочуваат од ЦУК. вј/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан