• понеделник, 23 декември 2024

Eĸcпepти: Електричните автомобили во 2023 година ќе чинат како и конвенционалните

Eĸcпepти: Електричните автомобили во 2023 година ќе чинат како и конвенционалните
Виена, 17 декември 2020 (МИА) - Електричните автомобили можат да чинат колку и моторите со внатрешно согорување, во следните три до четири години. И потоа ќе продолжат да поевтинуваат. Ова се нагласува во извештајот на БлумбергНЕФ. Еден од главните проблеми на електричните автомобили и автобуси се уште се повисоките цени во споредба со конвенционалните модели и ова е поради високите цени на батериите. Според експерти, тоа ќе се промени откако батериите ќе достигнат капацитет од 100 долари за киловатчас. Ова ќе биде пресвртна точка за индустријата, што ќе го сврти трендот на пазарот. ВоломбергНЕФ предвидува дека може да се постигне во 2023 година. Цените на батериите се намалија за 90 отсто во последната деценија од 1.100 долари за киловат во 2010 година на 137 долари за киловатчас годинава. Според анализата годинава, батериите за електрични автобуси во Кина веќе се продаваат за помалку од 100 долари за киловатчас. паг/

Остани поврзан