• четврток, 19 декември 2024

Dzijan Emin & Magical Orchestra - Live in Ohrid - првиот албум на ЗЏМ Рекордс

Dzijan Emin & Magical Orchestra - Live in Ohrid - првиот албум на ЗЏМ Рекордс
Скопје, 20 април 2021 (МИА) - Во рамки на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, почнува со работа издавачката куќа ЗЏМ Рекордс. Во тој контекст, најавен е и албумот „Dzijan Emin & Magical Orchestra - Live in Ohrid“, кој официјално ќе излезе на 21 април годинава. Од Здружението информираат дека преку ЗЏМ Рекордс ќе продолжи да се афирмира и популаризира македонската џез музика, отварајќи нови патишта за нејзино презентирање и промовирање насекаде во светот, издавајќи дигитални и печатени музички изданија. -ЗЏМ продолжува да работи на подобрување на целокупната џез култура кај нас, збогатувајќи ја нашата културна сцена со нови квалитетни изданија, отсега па натаму под нивна етикета, соопштија од ЗЏМ. Албумот „Dzijan Emin & Magical Orchestra - Live in Ohrid“, е првиот на ЗЏМ Рекордс, кој е снимен во живо на концертот одржан во Антички театар, 2019 година. Оркестарот кој изведува авторски композиции на матичниот диригент на ЗЏМ Биг Бендот, оркестратор, композитор и мултиинструменталист Џијан Емин, е составен од членови на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот и гудачи од Македонската Филхармонија. Џијан Емин е еден од водечките современи музичари во земјава и регионот, кој во светот соработува со светски познати музичари како Дерик Меј, Хуан Аткинс, Џеф Милс, Франческо Тристано, но и уметници - добитници на Оскар и Греми како А.Р. Рахман, Френк Лондон, Малком Брн, Вилијам Паркер, Боб Стјуарт, Франческо Беарзати, Лука Акино, Џанлука Петрела, Питер Херберт, Дамо Сузуки, „Ер“, Глорија Естефан, Рико Волшебникот (Даф Панк). -Тој е сеопфатен музичар со големо музичко искуство и долгогодишна кариера - од главен хорнист во Македонската филхармонија, до вешт изведувач на импровизирана музика или џез (на еден од многуте инструменти што ги совладал); од диригирање на меѓународни оркестри до компонирање и аранжирање партитури за филм и театар, до свирење гитара или тастатури со рок групи, до продуцирање албуми, а се јавува и како уметнички директор на фестивали, секогаш додавајќи скапоцен оригинален глас и неспоредлива музикалност во неговата изведба, соопштија од Здружението. Од ЗЏМ информирата дека ова ново музичко издание, Dzijan Emin & Magical Orchestra - Live in Ohrid официјално ќе излезе на 21 април, под етикетата на ЗЏМ Рекордс, а ќе може да се преземе на сите дигитални аудио стриминг провајдери. -ЗЏМ преку издавачката куќа ЗЏМ Рекордс продолжува да се залага за афирмација на џез музичарите од земјава и регионот, заедно работејќи на подобрување на целокупната џез култура кај нас, збогатувајќи ја нашата културна сцена со нови квалитетни музички изданија, се наведува во соопштението на Здружението.бт/

Тагови

Остани поврзан