• недела, 22 декември 2024

Поранешен црногорски специјален обвинител осомничен за воени злосторства

Поранешен црногорски специјален обвинител осомничен за воени злосторства

Подгорица, 27 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот главен специјален обвинител на Црна Гора, Миливоје Катниќ, беше сослушан во Специјалното државно обвинителство поради сомнение дека сторил кривично дело „воено злосторство врз цивилното население“ во областа Цавтат во 1992 година, дознава „Вијести“.

Црногорското Специјално државно обвинителство соопшти дека по оцена на доказите собрани од надлежните органи на Хрватска и пронајдени со пребарување на базата на докази на Обвинителството на Меѓународниот механизам за кривични судови, донело наредба за спроведување истрага против М.К. поради постоење на основано сомнение дека извршил воено злосторство над цивилното население.

-Наредбата го товари обвинетиот дека на територијата на Хрватска, општина Конавли, Цавтат, како офицер на ЈНА, постапувајќи спротивно на одредбите од Женевската конвенција за заштита на цивили во време на војна и Дополнителен протокол на Женевската конвенција, се однесуваше нехумано кон одредени хрватски цивили од националност, со напади, мачење, физички повреди и навреда на човечкото достоинство и насилство врз нивната ментална благосостојба, се вели во образложението.

Поранешниот црногорски специјален обвинител е во притвор од 14 април поради друга истрага. мс/

Остани поврзан