Aксиос: Трамп вели дека сеопфатен мировен договор е подобро решение од привремено примирје во Украина
- „Брз мировен договор е подобар од примирјето“, го цитираше Aксиос кажаното од Трамп на телефонскиот разговор
Вашингтон, 16 август 2025 (МИА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, за време на денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија изјави дека постигнувањето сеопфатен мировен договор со Русија е подобро решение од привремено примирје, објави американскиот портал Aксиос, повикувајќи се на извор запознаен со разговорот.
Според Барад равид, новинар на Aксиос, Трамп на учесниците во разговорот им соопштил дека рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за примирје, туку за трајно решение што би ја завршило војната.
„Брз мировен договор е подобар од примирјето“, го цитираше Aксиос кажаното од Трамп на телефонскиот разговор.сд/
фото:ЕПА