• сабота, 23 ноември 2024

Санкционирани 253 возачи за брзо возење

Санкционирани 253 возачи за брзо возење

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - Санкционирани се 253 возачи за брзо возење во полициска акција спроведена во текот на вчерашниот ден. 

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека 132 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

Од нив, 10 се движиле со брзина 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а две возила со брзина 70 километри на час повеќе од дозволената.

Собраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а институциите апелират до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. лб/бак/

Фото: МИА архива

  

 

 

 

Остани поврзан