• петок, 12 декември 2025

Шпанка доби отказ поради што доаѓала предвреме на работа

Шпанка доби отказ поради што доаѓала предвреме на работа

Аликанте, 12 декември 2025 (МИА) - Жена од шпанскиот град Аликанте доби отказ поради што доаѓала на работното место пред време. Во образложението за отказот е наведено дека таа не ги почитувала правилата на фирмата.

Работодавецот тврди дека прераното доаѓање на работа е сериозно прекршување на правилата на фирмата, кршење на работната дисциплина и непочитување на инструкциите на надредените. 

Вработената повеќе пати била предупредена дека нејзиното доаѓање на работа 40 минути пред работното време е бесцелно, но таа продолжила поради што добила отказ.

Таа пред суд го оспорила отказот. Судот застана во одбрана на работодавецот истакнувајќи оти вработената „сериозно ги кршела работните обврски“. мв/ми/

Фото: Фејсбук

 

Тагови

Остани поврзан