• среда, 27 ноември 2024

„Тролката“ Попи повлечена од пазарот, поради непристоен дизајн (видео)

„Тролката“ Попи повлечена од пазарот, поради непристоен дизајн (видео)
Лос Анџелес, 7 август 2020 (МИА) - Компанијата Хасбро ја повлече својата кукла играчка со женски лик од цртаниот филм „Тролови“ од пазарот, поради несоодветен и непристоен дизајн. Тоа е резултат од интернет-петицијата против играчката, кои ја поддржаа и некои политичари. „Дали Хасбро сака да ги претстави допирањето и злоупотребата на деца како нешто нормално?“, напиша американскиот сенатор Сем Паркер на Твитер. Јесика Мекманис, иницијаторка на петицијата, вели дека играчкава „никако не помага во борбата против педофилијата и секс-трговијата со деца“. Таа објаснува дека куклата е неодолива и кога ќе се притисне кај градите, таа пее и се кикоти... Тоа го има во упатството и, според жената, во тоа нема ништо страшно. Но, она што не е наведено, е дека куклата меѓу нозете, кај интимата, има уште едно копче коешто активира кусо, отсечно смеење и воздишки. Тоа укажува на сексуален контекст и, според Мекманис, е доста вознемирувачки.  си/ https://twitter.com/i/status/1290986237315039232

Остани поврзан