• понеделник, 23 декември 2024

„С&П Глобал“ предвидува глобална рецесија од 2,4 процени

„С&П Глобал“ предвидува глобална рецесија од 2,4 процени
Лондон, 16 април 2020 (МИА) - Агенцијата за кредитен рејтинг „С&П Глобал“ денеска ја намали проекцијата на глобален раст поради пандемијата со новиот коронавирус. Во соопштението на Агенцијата се наведува дека според најновите податоци за економското влијание на мерките преземени за сузбивање на ширење на вирусот Ковид-19 премина од ниво „лошо“ на „полошо“. - Сега проценуваме дека годинава глобалниот бруто домашниот производ ќе се намали за 2,4 проценти, а во САД и еврозоната падот ќе изнесува 5,2 односно 7,3 проценти, респективно. Очекуваме глобалниот раст во 2021 година ќе биде 5,9 отсто, истакнува „С&П Глобал“. Додека  Меѓународниот монетарен фонд претходно предвиде глобален пад од три отсто. ми/

Остани поврзан