• вторник, 26 ноември 2024

„Политико“: Закерберг се согласува дека Фејсбук би требало да плаќа поголем данок

„Политико“: Закерберг се согласува дека Фејсбук би требало да плаќа поголем данок
Минхен, 14 февруари 2020 (МИА) - Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, прифаќа дека глобалните даночни реформи значат оти социјалната мрежа може ќе мора да плати повеќе даноци во различни земји, објави „Политико“, објавувајќи делови од говор што треба Закерберг ќе го одржи в сабота на Минхенска безбедносна конференција. Прекугранични даночни прописи треба да бидат изменети, откако 137 држави го побараа тоа минатиот месец, во обид да избегнат нова трговска војна околу растот на глобалниот данок за дигитални услуги. - Разбирам дека има фрустрација за тоа како технолошките компании се оданочуваат во Европа. Исто така, ние сакаме даночни реформи и драго ми е што ОЕЦД размислува за тоа, се нагласува во извадоците од говорот на Закерберг. На Амазон, Фејсбук и Гугл им одговараат сегашните регулативи затоа што можат да остварат профит во земјите со ниски даноци како во Ирска, без оглед на локацијата на нивните корисници. ми/

Остани поврзан