• сабота, 23 ноември 2024

„Мјузик фингерс“ - уред којшто го претвора телото во ритмички инструмент (видео)

„Мјузик фингерс“ - уред којшто го претвора телото во ритмички инструмент (видео)
Лос Анџелес, 27 февруари 2020 (МИА) - По ракавиците „Ми.Му“ лани, светот на технологијата сега ни ги претставува и напрстоците што ги претвораат човечките движења во музика. https://youtu.be/CvyVQqCO8pY Се работи за „Мјузик фингерс“, коишто при допир со тврда површина произведуваат ритмичен звук на тапани. Блутут-опцијата служи за поврзување со паметен уред, па така, звукот на тапани се емитира преку звучниците од телефонот или слушалките. Цената е 70 долари. https://youtu.be/aoovAi9C44w Ова е само еден од уредите што служат за креирање музика. Претходно на пазарот се појави и топчето „Одбол“ - што создава ритам во контакт со тлото. си/ https://youtu.be/L51mEhIg5CQ

Остани поврзан