• понеделник, 23 декември 2024

„Лекари без граници“: Заразени со коронавирус во бегалски камп во Кенија

„Лекари без граници“: Заразени со коронавирус во бегалски камп во Кенија

Најроби, 19 јуни 2020 (МИА) - Десет случаи на зараза со новиот коронавирус се регистрирани во еден од најголемите бегалски кампови во Кенија - Дадааб, соопшти хуманитарната организација „Лекари без граници“.

„Случаите на Ковид-19 во земјата постепено се зголемуваат. Кога беше потврден првиот заразен во кампот  Дадааб на 15 мај, хуманитарната организација веднаш презеде итни мерки за да помогне во контролата на болеста. Од 17 јуни, во бегалскиот камп има 10 потврдени случаи на коронавирус“, се наведува во соопштението.

„Лекари без граници“ потенцираат дека сите пациенти се во изолација и се лекуваат, а лицата со кои биле во контакт се ставени во карантин. паг/

Остани поврзан