• понеделник, 15 јули 2024

„Кит Го“ ремизираше со Тиквеш, „Каменица Саса“ убедлива против Плачковица

„Кит Го“ ремизираше со Тиквеш, „Каменица Саса“ убедлива против Плачковица
Пехчево, 7 март 2020 (МИА) - Фудбалерите на пехчевски „Кит Го“ одиграа нерешено со екипата на Тиквеш во рамки на 16 коло од Втората фудбалска лига Исток со што останаа на четвртата позиција на табелата во ова натпреварување. Според информациите од стручниот штаб, поделбата на бодовите е реален епилог по она што се случуваше на теренот.
-Нашата екипа имаше тежок натпревар со многу тензија и борба на теренот. Дарко Алексовски во 11. минута од средбата беше творец на водството. До победата не делеа 8 минути, но кавадарчани успеаја да израмнат со голот на Методија Делов во 82. минута. Ако сумираме се што се случуваше на теренот, можеби реален епилог е ремито, рекоа од ФК „Кит Го“.
Од екипите од крајниот Исток, свој настап денеска имаа и фудбалерите на „Каменица Саса“, кои со 3:0 ја „згазија“, радовишка „Плачковица“ на домашен терен.
-Наши најистакнати поединци беа Гордан Здравков, Марио Станковски и Ненад Нешовски кои беа стрелци на головите во 29, 62 и 72. минута. Секако сето тоа поткрепено со одличната одбрана и добрата игра на средината на теренот, инфомираа кратко по натпреварот од раководството на „Каменица Саса“.
Со новата победа „Каменица Саса“ веќе брои 20 бодови и има седум бодови предност од опасната зона. Во дербито на Истокот, на 14 март 2020г.,силите на градскиот стадион во Пехчево ќе ги одмерат токму екипите на „Кит Го“ и „Каменица Саса“. вс/бт/

Остани поврзан