Словенец осомничен за поседување дрога и за кражба на велосипед во Скопје
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин осомничен за кривичните дела неовластено произв
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен словенечки државјанин осомничен за кривичните дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за кражба.
-На 4 јули, пред спортскиот центар „Јане Сандански“, каде учествувал на Европско првенство за хип-хоп како тренер на група деца од Република Словенија, осомничениот забележал велосипед вреден 45.000 денари, кој би потпрен на ѕидот и незаклучен. Осомничениот го одзел велосипедот и го скрил во грмушка во близина на кејот на Вардар. Откако завршил натпреварот, велосипедот го расклопил на три дела и го ставил во багажниот простор на автобусот со кој групата требало да се врати во Словенија, соопштуват од Јавното обвинителство.
Откако била пријавена кражбата, полициски службеници го легитимирале и го претресле осомничениот, а во неговиот личен багаж пронашле две стаклени тегли и пластично кутивче со вкупно 13,57 грама наркотична дрога – марихуана.
Со оглед на тоа што се работи за странски државјанин без постојан престој во земјава, јавниот обвинител оценил дека постои очигледна опасност за бегство, како и можност тој да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. сст/лв/