Џо Џонас најави нов соло-албум
- Поп-пејачот изјави дека при создавањето на албумот, минал и низ еден терапевтски процес.
Лос Анџелес, 27 авгyст 2024 (МИА) - Американскиот пејач Џо Џонас работи на својот нов соло-албум, но не планира да вклучи песна за неговиот поранешен брак со глумицата Софи Тарнер. Поп-пејачот изјави дека при создавањето на албумот, минал и низ еден терапевтски процес, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).
- Процесот понекогаш беше страшен, но и ослободувачки. Не сакам никого да нападнам со овој албум. Не барам работите да станат драматични. Задоволен сум со она што го имам во мојот живот, благодарен сум за сѐ, вклучувајќи ги и моите две прекрасни ќерки. Колку што сум среќен, мојата музика треба да ја одразува таа состојба, вклучително и патувањето до таа состојба, изјави Џонас.
Со поранешната сопруга и ѕвезда од „Игра на престолите“, Џо ги има четиригодишната Вила и двегодишната Делфин.
Музичарот истакна дека албумот „Music for People Who Believe in Love“ („Музика за луѓе кои веруваат во љубовта“, закажан за издавање на 18 октомври, ќе биде најличната работа во неговата кариера.
- Чувствувам силна емоционална потреба да работам на музика и не знам каде тоа ќе ме однесе. Имавме малку време и работевме на албумот во период од две до три недели. Навистина сум возбуден, изјави Џо, кој е еден од тројцата познати браќа Џонас.
Според наводите, Кевин и Ник, кои се дел од бендот „Џонас брадерс“, го поддржале во неговиот соло-проект.
Џо поднесе барање за развод во септември 2023 година, по четири години брак. Разводот набрзо потоа стана уште поинтересен за јавноста бидејќи Тарнер поднесе противтужба против пејачот. Таа тврдеше дека на нивните ќерки им ги ускратил пасошите и на тој начин „ги киднапирал“. Сепак, поранешните сопружници постигнале привремен договор за старателството за Вила и Делфин, кои според договореното, треба да живеат на две локации - во Англија и САД. Тарнер на крајот го отфрли обвинението за киднапирање, и влезе во врска со Перегрин Пирсон, а Џонас е со либанската глумица Лајла Абдалах. си/рп/
Фото: ЕПА