• сабота, 06 декември 2025

Џорџе Симион бара оставка на романскиот амбасадор во САД

Џорџе Симион бара оставка на романскиот амбасадор во САД

Букурешт, 12 мај 2025 (МИА) - Кандидатот за претседател на националистичката партија „Алијанса за обединување на Романците“ (АУР), Џорџе Симион, побара оставка од амбасадорот на Романија во САД, Андреј Мурару, пренесуваат локалните медиуми.

- Користењето на службената позиција од страна на романскиот амбасадор за водење кампања против мене, среде изборната трка, претставува сериозно отстапување од сите демократски норми. Она што го прави Андреј Мурару нема никаква врска со дипломатијата. Национален срам е државен службеник, платен од јавни средства, да стане политички агитатор против претседателски кандидат, изјави Симион, цитиран од Диџи24.

До оваа ситуација дојде откако дипломатот остро го критикуваше победникот на првиот круг од изборите за неговите изјави за повлекување на Романија од програмата за безвизно патување.

Во интервју за американски конзервативен новинар, поддржувач на движењето на американскиот претседател Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (MAGA – Make America Great Again), победникот од првиот круг на претседателските избори во Романија му се заблагодари на САД што ги задржаа визите за романските граѓани. Администрацијата на Трамп ја донесе одлуката два дена пред изборите на 4 мај.

„Однесувањето на кандидатот на АУР на претседателските избори покажува отворено непочитување на националните интереси и правата на романските граѓани, како и мешавина од непознавање на управувачките практики и односите меѓу државите. Лице кое го поздравува ограничувањето на правата на Романците не е компатибилно со високите стандарди на функцијата претседател на Романија“, коментираше романскиот амбасадор во САД. ссм/

фото: архива

Остани поврзан