• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џорџа Мелони и кралот на Јордан разговараа за хуманитарна помош за Газа

Џорџа Мелони и кралот на Јордан разговараа за хуманитарна помош за Газа

Рим, 17 март 2025 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Рим разговараше со јорданскиот крал Абдула Втори за итните хуманитарни потреби во Газа, соопшти нејзиниот кабинет.

Во соопштението се наведува дека „на средбата првенствено се разговарало за ситуацијата во Газа, каде што хуманитарните потреби остануваат итни“.

Мелони и кралот Абдула Втори истакнаа дека постои „цврста соработка“ меѓу двете земји во доставувањето хуманитарна помош, како во рамките на италијанската иницијатива „Храна за Газа“ и иницијативата за јордански воздушен транспорт, за што Италија придонесе со хеликоптери од своето Министерство за одбрана, кои ги стави на располагање. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан