• сабота, 23 ноември 2024

Џонсон: Не можеме да ја фотошопираме историјата

Џонсон: Не можеме да ја фотошопираме историјата
Лондон, 15 јуни 2020 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека земјата не може да го „фотошопира“ своето културно опкружување и сложената историја, потенцирајќи дека тоа ќе биде извртување на минатото. Во врска со растечките несогласувања околу отстранување на статуи на историски личности, што го бараат антирасистичките демонстранти, Џонсон рече дека со прочистувањето и отстранувањето на сликите на „сите оние од чие однесување не сме задоволни“, Британците ќе бидат во опасност да западнат во голема лага и искривување на историјата. Во авторски текст во „Телеграф“, тој го брани Винстон Черчил и повторува дека фактот што статуата на поранешниот премиер е во опасност е „апсурден и тажен“. - Тој беше херој и мислам дека не сум осамен кога ќе кажам дека до последниот атом на силата ќе се противам на секој обид неговата статуа да се отстрани од парламентарниот плоштад, истакна Џонсон. Статуи на трговци со робови, империјалисти, но и истражувачи, како што се Кристофер Колумбо, Сесил Роудс и белгискиот крал Леополд Втори, беа мета на движењето кое, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициското апсење, почна да урива споменици на Конфедерацијата низ САД. Статуите на историските личности, вклучително и Винстон Черчил, кој демонстрантите претходно го прогласија за расист, се обложени со штици за да се заштитат од евентуална штета. јт/

Остани поврзан