• сабота, 23 ноември 2024

Џонсон и Џонсон планира да ја тестира својата вакцина на бремени жени

Џонсон и Џонсон планира да ја тестира својата вакцина на бремени жени
Њујорк, 3 април 2021 (МИА) – Американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон соопшти дека својата вакцина, која во моментов е одобрена само за возрасни, сега ја тестира и на адолесценти, а планот е да почне тестирање и кај бремени жени. Што се однесува до тестирање на адолесценти, вакцината, која се дава во една доза, прво ќе се тестира на мал број на 16-годишници и 17-годишници како дел од клиничко испитување што се спроведува од минатиот јуни, соопшти компанијата. По разгледувањето на првичните резултати, тестирањето постепено ќе се прошири на поголема група помлади адолесценти, почнувајќи од 12-годишна возраст. Вакцината Џонсон и Џонсон е регистрирана во САД и е одобрена за употреба во Европската унија на 11 март. јт/

Остани поврзан