• петок, 22 ноември 2024

Џони Деп на модна ревија на Ријана

Џони Деп на модна ревија на Ријана

Лос Анџелес, 9 ноември 2022 (МИА) - Џони Деп допрва треба да се врати „на голема врата“ во Холивуд по неговата судска победа против Амбер Харт оваа година, но тој веќе добива голема поддршка од американскиот џет-сет.

Ријана, меѓу другите познати личности, ја повика и ѕвездата на „Пирати од Карибите“ на модна ревија на брендот „Севеџ Екс Фенти, 4. дел“. Облечен во еден од најновите лежерни стилови на Ријана, глумецот на камерата ѝ даде и неколку насмевки, се чини, знаејќи дека овој настан е голема работа.

На крајот на краиштата, и да се има Ријана на негова страна - и самата жртва на насилство од партнерот, е прилично голема работа. Секако, и обожавателите на Деп се одушевени од овој ангажман на глумецот.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан