• петок, 03 мај 2024

Џиро д‘ Италија 2024 стартува од Торино

Џиро д‘ Италија 2024 стартува од Торино

Рим, 9 октомври 2023 (МИА) – Следното издание на велосипедската трка Џиро д‘ Италија ќе стартува на 4 мај од Торино, објавија денеска организаторите.

Стартот на првата етапа ќе биде во местото Венариа Реале, кое се наоѓа на осум километри северозападно од Торино, во близина на стадионот на Јувентус, додека целта ќе биде по 136-километарски круг во самиот центар на Торино.

Стартот на Џиро д’Италија се враќа во Торино, по пауза од три години и изданието во 2021.

Комплетната рута на трката ќе биде објавена в петок, најавија органзиаторите. ег/ссм/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан