• вторник, 25 јуни 2024

Џеј Џеј Редик нов тренер на Лејкерси

Џеј Џеј Редик нов тренер на Лејкерси

Лос Анџелес, 25 јуни 2024 (МИА) – Џеј Џеј Редик е нов предводник на Лос Анџелес лејкерс. Прес-службата на тимот од  Калифорнија официјално објави за назначувањето на својот нов тренер.

Според „The ​​Athletic“, 40-годишниот Американец потпишал договор со клубот на 4 години и ќе заработува околу 8 милиони долари годишно, што ќе го направи еден од најплатените во лигата.

Редик се повлече од кошарката во септември 2021 година. Играше во НБА за Орландо, Милвоки, Клиперс, Филаделфија, Њу Орлеанс и Далас.

Откако се пензионираше како играч, Редик работеше како експерт и коментатор на ESPN. Во март 2024 година, тој започна заеднички подкаст со ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс. зс/

Фото: Фејсбук ЛА Лејкерс

Остани поврзан