• вторник, 02 јули 2024

Џеј Лено со изгореници на лицето, се запалил еден од неговите автомобили

Џеј Лено со изгореници на лицето, се запалил еден од неговите автомобили

Лос Анџелес, 15 ноември 2022 (МИА) - Американскиот телевизиски водител и комичар Џеј Лено се здобил со тешки изгореници на лицето откако се запалил еден од неговите автомобили.

Тој е згрижен во болницата за пластична хирургија „Грошман брн центар“ во Лос Анџелес. Според наводите, левата страна од лицето му е изгорена, но окото и увото не се сериозно зафатени. Лено во објава потоа нагласи дека има сериозни изгореници по запален бензин. - „Добро сум. Ми требаат само една до две недели да застанам на нозе“, наведе тој. Џеј Лено (72) поседува колекција од 286 возила - околу 100 автомобили и мотоцикли. Тој беше еден од најгледаните ТВ-водители во САД, со своето вечерно „Тунајт шоу“ (The Tonight Show). По напуштањето на шоуто во 2009 година, тој почна со своја сопствена програма „Гаража“ (Jay Leno's Garage) на „Си-ен-би-си“ во 2015., а водител е и на „You Bet Your Life“ од 2021 година.  си/паг/

Остани поврзан