• понеделник, 23 декември 2024

Џејсон Момоа делеше вода како стјуард

Џејсон Момоа делеше вода како стјуард

Хонолулу, 5 август 2022 (МИА) - Познатиот американски глумец Џејсон Момоа ги забавуваше патниците на лет до Хаваи кога реши да ја преземе улогата на стјуард и на сите да им подели шише со вода.

Екипажот на авионот му ја удоволил желбата, па му ја дале количката со водата, а актерот си стави цвет на уво и прошета пред изненадените патници. Потоа тој на Инстаграм објави и видео од сѐ тоа и стана интернет-хит. - Здраво, јас сум Џејсон Момоа, дали сакате изворска вода од алуминиумско шише за повеќекратна употреба?, прашува глумецот. Како што објасни тој, идејата била - туристите кои доаѓаат на Хаваи да се запознаат со островите како дом на бројни животински и растителни видови и внимателно да размислат дали таму треба да носат пластични шишиња за еднократна употреба.  си/сд/

Остани поврзан