• среда, 17 јули 2024

Џејк Пол го победи Нејт Дијаз во боксерски спектакл во Тексас

Џејк Пол го победи Нејт Дијаз во боксерски спектакл во Тексас

Далас, 6 август 2023 (МИА) - Во Далас ноќеска се одржа боксерски натпревар меѓу блогерот Џејк Пол и поранешниот борец на УФЦ Нејт Дијаз. Пол победи со едногласна одлука 3:0 (97-92, 98-91, 98-91).

 

Борбата траеше според предвидените 10 рунди. Во петтата, Дијаз беше во нокдаун.

 

За Пол ова е осма боксерска борба и шеста победа. Во претходната загуби од Томи Фјури. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан