• среда, 27 ноември 2024

Џентолини: Средствата од ЕУ-фондот првично ќе бидат наменети за решавање на кризата

Џентолини: Средствата од ЕУ-фондот првично ќе бидат наменети за решавање на кризата
Рим, 28 мај 2020 (МИА) - Европскиот комесар за економија Паоло Џентолини денеска изјави дека Италија средствата што ќе ги добие од Фондот за закрепнување на Европска Унија првенствено треба да ги користи за решавање на економската криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19. ЕК вчера претстави план за поттикнување на економските активности во висина од 750 милијарди евра, а Италија ќе добие околу 170 милијарди евра. - Италија треба тие пари да ги троши за решавање на кризата, но на среден и долг рок мора да се врати на патот на управување со долгот на одржливо ниво бидејќи во спротивно ризикува да западне во проблеми во следните години, посочи Џентолини. ми/

Остани поврзан