• понеделник, 23 декември 2024

Џенифер Лопез му го честиташе роденденот на Бен Афлек во неговиот дом

Џенифер Лопез му го честиташе роденденот на Бен Афлек во неговиот дом

Лос Анџелес, 19 авгyст 2024 (МИА) - Џенифер Лопез отишла на гости кај Бен Афлек во Лос Анџелес за да му го честита 52. роденден на 15 август, и покрај тоа што тој не присуствуваше на нејзиниот неодамнешен 55. роденден во Хемптонс, Њујорк, САД, објави „Пипл“ (People).

На познатата пејачка-глумица не ѝ пречеше фактот што Бен си купи „ергенска“ куќа токму на нејзиниот роденден. Средбата меѓу Лопез и Афлек, инаку, привлече внимание повторно благодарение на новинарите кои ја следеа Џенифер до новиот дом на глумецот.

Посетата, се наведува, не траела повеќе од половина час, а потоа Лопез отишла на концерт на Бруно Марс. Непосредно пред таа да пристигне кај својот засега последен сопруг, кај Бен пристигнала и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

Неодамна во медиумите се појавија подробности дека Лопез и Афлек ги финализирале документите за развод. Според познаниците, ѕвездите се обиделе да го спасат својот брак, но не успеале.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан