• понеделник, 01 јули 2024

Џа Морант: Ја преземам целосната одговорност. Им се извинувам на сите

Џа Морант: Ја преземам целосната одговорност. Им се извинувам на сите

Мемфис, 5 март 2023 (МИА) - Ѕвездата на Мемфис, Џа Морант, даде изјава за последните случувања.

- Ја преземам целосната одговорност за моите постапки минатата ноќ. Им се извинувам на моето семејство, соиграчите, тренерите, навивачите, партнерите, градот Мемфис и целата организација на Гризлис што ве изневерив. Ќе одам на одмор, ќе побарам помош и ќе научам како подобро да се справувам со мојот стрес и со мојата општа благосостојба, рече Морант.

Претходно, кошаркарот беше суспендиран на два натпревара. Тој покажа пиштол за време на пренос во живо.

НБА-лигата започна истрага околу инцидентот во кој беше вклучен Морант. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан