• понеделник, 01 јули 2024

Џа Морант заработи повреда на рамото и ќе го пропушти остатокот од сезоната

Џа Морант заработи повреда на рамото и ќе го пропушти остатокот од сезоната

Мемфис, 9 јануари 2024 (МИА) – Суперѕвездата на Мемфис, Џа Морант заработи повреда на рамото и ќе го пропушти остатокот од сезоната. Тој ќе биде подложен на операција на десното рамо.

Морант се повреди на саботниот тренинг, а потоа го пропушти неделниот гостински натпревар со Феникс. Подоцна бил подложен на преглед со магнетна резонанца, кој открил сериозна повреда. За закрепнување ќе биде потребна операција.

Се очекува Морант да биде целосно здрав за стартот на сезоната 24/25.

Гризлис имаа 6-3 со нивната ѕвезда во тимот. Џа ги пропушти првите 25 натпревари од сезоната поради дисквалификација поради прикажување оружје на социјалните мрежи.

Во девет натпревари оваа сезона, 24-годишниот кошаркар имаше просек од 25,1 поен, 5,7 скока и 8,1 асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан