• понеделник, 23 декември 2024

Џафери смета дека не треба да има буџетски пари за рекламирање на партиите

Џафери смета дека не треба да има буџетски пари за рекламирање на партиите

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека не треба да има буџетски пари за рекламирање на партиите 

-Мојот став е дека не треба да има буџетски пари за реклами во смисла на предизборието. Но, ќе одите во вашите куќи да прашате зошто инсистираат токму на тој закон. Пак ќе бидам обвинет, тоа си го знам, меѓутоа ставот мој е дека не треба буџетски пари да има за таа работа, рече Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза" во Скопје.

Потенцира дека тој уште во 2019 година кога се случиле измените на Законот за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се изјаснил против ова прашање.

-Вие знаете дека уште во 2019 година имаше измени на Законот за АВМУ, фамозниот член 42 и кога се изјаснив тогаш дека сум против тоа медиумите особено петте национални телевизии ме обвинуваа дека работам против нив. Од друга страна, операторите исто обвинуваа против нив, рече Џафери.фф/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан