• понеделник, 23 декември 2024

Џафери домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазан

Џафери домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазан

Скопје, 12 април 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва беше домаќин на традиционалната Ифтарска вечера по повод светиот месец Рамазан, на која, меѓу останатите, присуствува премиерот Димитар Ковачевски, собранискиот потпретседател, Горан Мисовски, координаторите на партеничките групи, пратеници и претставници на парламентарните политички партии, како и поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, првиот човек на Исламската верска заедница, реис ул улемата, х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и католичкиот бискуп, монсињор Киро Стојанов.

Фото/ Собрание

- На вечерата се следеше вообичаениот ифтарски протокол на кој што се веќе навикнати и претставниците на другите верски заедници, а токму тие различни ритуали и придаваат на оваа вечера необична убавина и духовна сплотеност. Седнувањето на сите гости на заедничката трпеза, и тоа како има моќ на обединување а воедно е и одличен пример кој што треба да им биде показател на сите граѓани дека заедно можеме, и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите. Токму така како што правеле и нашите предци на овие простори, соопштија од Собранието.

Фото/ Собрание

Оттаму посочуваат дека иако времетраењето и начинот на постење се разликува со тоа што Велигден е неколку дена пред Рамазан Бајрам, има доволно време за и православните и исламските и католичките верници да се прочистат физички и духовно, да ја демонстрираат солидарноста и сочувството на дело, да споделат убави мисли и пораки на взаемна почит и разбирање, со еден збор, да станат подобри луѓе за себе и за сограѓаните.

Тоа, како што се нагласув во соопштението, беше и пораката што ја упати собранискиот претседател Џафери посакувајќи им на присутните гости добро здравје, душевен и семеен мир и благосостојба. бт/сп/

Остани поврзан