• понеделник, 02 март 2026

Џастин Бибер скромно и интимно го прослави својот 32. роденден

Џастин Бибер скромно и интимно го прослави својот 32. роденден

Отава, 2 март 2026 (МИА) - Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер, вчера, 1 март, го прослави својот 32. роденден, скромно и интимно, само со својата сопруга Хејли Бибер, со која седум години е во брак.

„Никој со кого би сакал да го поминам мојот роденден, освен...“, напиша пејачот во описот дополнувајќи со „смешко“ и бакнеж и две фотографии, каде што ги дува свеќите на тортата прекриена со крем и јагоди.

На втората фотографија, Хејли, ведра и насмеана, позира до својот сопруг за да го одбележат денот.

На фотографиите двојката ужива во вино и свеж чај од нане, а песната на Оливија Дин, Man I need, ја придружуваа инстаграм-приказната и фотографиите што Џастин ги сподели со своите 292 милиона следачи.  си/сд/

Фото: Инстаграм

 

Остани поврзан