• четврток, 05 декември 2024

Џаслин Каур ја доби британската „Тарнерова награда“

Џаслин Каур ја доби британската „Тарнерова награда“

Лондон, 4 декември 2024 (МИА) - Шкотската уметница Џаслин Каур синоќа ја доби „Тарнеровата награда“ - британско одличје за современа уметност коешто ја прославува својата 40-годишнина.

Жирито ја избра Каур за „нејзината способност да спои различни гласови преку неочекувани и разиграни комбинации на материјали“. Уметницата, всушност, беше наградена за нејзината изложба „Алтернативен олтар“ (Alter Altar).

Џаслин Каур го доби признанието на свеченост во Галеријата „Тејт“ во Лондон, а со него доби и стипендија вредна 25.000 фунти (околу 30.000 евра).

Наградата, именувана по британскиот уметник Џ.М.В. Тарнер е основана во 1984 година и е наменета за млади уметници.  си/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан