• вторник, 24 декември 2024

Џанг Ѕуо: Кинеската позиција за Украина е непроменета - решение е имплементација на Договорот од Минск

Џанг Ѕуо: Кинеската позиција за Украина е непроменета - решение е имплементација на Договорот од Минск
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) - Кинеската позиција за Украина е непроменета. За да се реши ова прашање треба да се вратиме на имплементацијата на Договорот од Минск. Овој Договор е одобрен од Советот за безбедност со Резолуцијата 2022 и е основниот политички документ прифатен од сите страни кој треба да биде ефективно имплементиран, изјави денеска кинескиот амбасадор во земјава Џанг Ѕуо. -Забележавме дека САД Украина и релевантните европски земји, како и НАТО низ разни форми на дипломатски напори со Русија работат на изнаоѓање решение за разликите низ дијалог и преговори. Она што итно e неопходно сега е тивка дипломатија, а не мегафон дипломатија. Кина ги повикува сите земји да останата мирни и да не преземаат активности кои би предизвикале тензии или би ја влошиле кризата, како и правилно да ги решат разликите преку консултации на еднаква основа врз база на меѓусебно почитување земајќи ги целосно предвид безбедносните грижи на секоја од страните. Кинеската позиција за Украина е непроменета, нагласи Ѕуо. Кинескиот амбасадор нагласи дека за да се реши ова прашање потребно е враќање на имплементацијата на Договорот од Минск. -Овој Договор е одобрен од Советот за безбедност со Резолуцијата 2022 и е основниот политички документ прифатен од сите страни кој треба да биде ефективно имплементиран. Кина ги поддржува сите напори во насока и во согласност со духот на овој Договор и се надева дека сите засегнати страни ќе покажат позитивна волја за имплементирање на Договорот од Минск, решавање на разликите кои ќе произлeзат од имплементација на документот преку консултации и искрена посвтеност на Договорот, рече амбасадорот Џанг Ѕуо на новинарско прашање на приемот за медиуми по повод пролетниот фестивал. Тој нагласи дека Кина внимателно ги следи случувањата поврзани со украинската криза, а персоналот во Амбасадата работи нормално. -Кинеската амбасада и Конзулат во Украина работат нормално и Амбасадата издаде препорака до кинеските граѓани и институции од блиску да ги следат настаните и да го подигнат нивото на свесност. Кинеското МНР и Амбасадата во Украина ќе останат во близок контакт со кинеските граѓани и институции таму со цел да обебеди навремена заштита и помош, нагласи кинексиот амбасадор. вг/ац/  

Остани поврзан