• недела, 22 декември 2024

Џампаоло повторно тренер на Сампдорија

Џампаоло повторно тренер на Сампдорија
  Џенова, 19 јануари 2022 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија го потврди денеска враќањето на тренерската должност на Марко Џампаоло, кој го предводеше тимот од Џенова и во периодот од 2016 до 2019 година. Џампаоло на клупата на Сампдорија го замени Роберто Д”Аверса, кој доби отказ по поразот на домашен терен од Торино (1:2), што екипата ја остави на 16. место на табелата со 20. бодови, само четири повеќе од зоната за испаѓање. Претходно, Џампаоло имаше краток престој од само седум натпревари на клупата на Милан, како и неуспешна епизода во Торино. ег/

Остани поврзан