• четврток, 07 ноември 2024

Џамбаски со остар коментар за Резолуцијата усвоена во македонското Собрание

Џамбаски со остар коментар за Резолуцијата усвоена во македонското Собрание
Скопје, 31 јули 2021 (МИА) - Бугарскиот европратеник Ангел Џабмаски упати остар коментар за Резолуцијата за утврдување на државните позиции на Северна Македонија во контекст на блокадите на европските интеграции, усвоена во четвртокот во македонското Собрание, тврдејќи дека таа ги прави застарени сите дискусии базирани на факти. Во писмо до европратениците, како и до шефот на германската дипломатија Хајко Маас, Џамбаски вели дека ако се почитуваат тие „црвени линии“ Заедничката македонско-бугарска комисија, формирана врз основа на Договорот за добрососедство во 2017, просто не може да функционира. - Нејзина првична цел беше да ги реши проблемите што досега не беа решени, поврзани со историјата, културата, идентитетот и јазикот. Но од самиот почеток македонската страна повеќепати ја бојкотира Комисијата, бидејќи не може да претстави сигурни докази, базирани на првични и вторични историски извори, кои ги поддржуваат нејзините тврдења,тврди тој. Тој обвинува дека Резолуцијата за „црвените линии“ ги прави застарени сите дискусии засновани на факти, документи и сигурни извори и посочува дека без оглед на доказите што се презентирани, македонската страна ќе каже дека едноставно нема да разговара за ова прашање. - Оваа последна тактика очигледно ја потврдува нашата позиција, а тоа е дека современиот македонски идентитет се заснова на историска лага преку создавање државна митологија. Сакам да кажам дека не го одрекуваме државниот идентитет на Северна Македонија по 1944 година. Не негираме дека нивниот јазик е кодифицирана верзија на западнобугарските дијалекти, пак по 1944 година. Ние се спротивставуваме на секакви обиди да крадат делови од нашата историја, базирани на факти, признаени од меѓународни историчари, тврди тој. Џамбаски на крајот пишува и дека друг неизбежен факт е дека бугарската позиција за историското прашање не може и нема да се промени. нд/ац/  

Остани поврзан