Ќе се утврдуваат локации за префрлање на кафеавите мечки, најавен акциски план
- - Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата на Република Северна Македонија. Исто така, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки, соопштија од Владата.
Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Владата на денешната седница ја разгледала и усвоила Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава.
Како што соопштија од владината прес-служба, Владата ги задолжила надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Северна Македонија.
- Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата на Република Северна Македонија. Исто така, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки, соопштија од Владата.
Воедно, директорот на Центарот за управување со кризи е задолжен да ја организира координацијата на активностите на институциите во спроведување на мерките, да организира и спроведува контрола над нивната имплементација, како и да предлага нови мерки покрај донесените и препорачани од надлежните институции за создавање на услови за намалување на појавата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), во урбана средина. цр/лв/
Фото: Влада на РСМ